Претседателот на Мексико за изградбата на ѕидот на Бајден: Тоа е чекор наназад

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја нарече „чекор назад“ одлуката на Вашингтон да продолжи со проширувањето на граничниот ѕид меѓу двете земји, кој треба да го спречи илегалниот влез на мигранти во САД.

„Одобрувањето на ѕидот е чекор наназад бидејќи не го решава проблемот. Мораме да се справиме со основните причини за илегалната имиграција“, рече претседателот на прес-конференција.

Администрацијата на Бајден вчера објави дека ќе додаде нов дел на граничниот ѕид со Мексико, кој треба да ги спречи мигрантите да влезат во САД. На овој начин тој ја повторува грешката што ја направи поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред него.

Бајден се обиде да објасни дека не може да го прекине финансирањето што неговиот претходник Доналд Трамп го започна со ветување дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико.

Треба да знаете
Последни објави