Приведен криминалец од Тетово баран со потерница

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (6 октомври) околу 16 часот, на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А., осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Набргу потоа, И.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави