Ромеро херој, Бока Јуниорс е финалист во Копа Либертадорес

Фудбалерите на Бока Јуниорс, по изведувањето пенали го елиминираа Палмеирас и се пласираа во финалето на Копа Либертадорес.

Во Буенос Аирес беше 0:0, а во Сао Паоло 1:1. Бока поведе со голот на Единсон Кавани во 23. минута. Бока во средишницата на второто полувреме остана со фудбалер помалку на теренот. Поради вториот жолт картон беше исклучен Маркос Рохо.

Тоа го искористија домаќините, кои израмнија во 73. минута со голот на Уругваецот Хоакин Пикерез.

На крајот пенал рулетот го одреди патникот во големото финале. Ветеранот Серхио Ромеро беше херојот на Бока, со две успешни одбрани.

Бока сега има шанса да се израмни со Индепендиенте, кој има седум трофеи во Копа Либертадорес.

Бока ќе игра против Флуминенсе во големото финале на 4 ноември на „Маракана“, во Рио де Жанеиро.

Треба да знаете
Последни објави