Русија бара реизбор во Советот за човекови права на ОН

 Русија, 18 месеци откако беше отстранета од Советот за човекови права на ОН, можно е следната недела повторно да биде примена.

Советот за човекови права на ОН на 10 октомври со тајно гласање ќе се изјасни за членството на Русија. Според дипломатите има разумни шанси Русија повторна да биде примена во Советот.

Мислам дека има замор со Украина. И второ, многу луѓе не сакаат во телата на ОН да доминираат западните гласови, а да не зборуваме за хегемонистичките ставови, изјави висок неименуван азиски дипломат.

Според руските критичари реизбор ќе го уништи кредибилитетот на Советот со седиште во Женева, едно од поефикасните тела на ОН.

Но, Москва активно ги бара гласовите на африканските, азиските и другите незападни земји во 193-членото Генерално собрание на ОН.

За разлика од Советот за безбедност на ОН во Њујорк, каде Русија е една од петте постојани членки со право на вето, ниту една од 47-те членки на Советот за човекови права нема право на вето. 

Треба да знаете
Последни објави