Судот во Хаг одлучува за Нагорно Карабах

Меѓународниот суд на правдата следниот четврток ќе го разгледа барањето на Ерменија да издаде итна наредба до Азербејџан да ги повлече сите свои војници од цивилните објекти во Нагорно Карабах, соопшти денеска судот.

Ова е четврти пат Меѓународниот суд на правдата да расправа за барањето за итни мерки во два правни спорови меѓу Ерменија и Азербејџан.

Двете земји меѓусебно се обвинуваат пред Меѓународниот суд на правдата за кршење на Конвенцијата на ОН против дискриминација.

Во февруари, највисокиот суд на Обединетите нации му нареди на Азербејџан да обезбеди слободно движење по коридорот Лачин, кој го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, откако веќе минатиот декември им нареди на двете страни да се воздржат од какви било дејства што би го влошиле нивниот спор.

Минатиот месец Азербејџан започна воена операција во која беа протерани повеќе од 100.000 Ерменци од Нагорно-Карабах во Ерменија. Ерменија го обвини Азербејџан за етничко чистење во Нагорно Карабах, што Баку го негира. Меѓународниот суд на правдата во Хаг е суд на ОН за решавање на спорови меѓу државите. Неговите одлуки се обврзувачки, но тој нема механизми да ги спроведе.

Треба да знаете
Последни објави