Поранешниот припадник на ОВК Сабит Јонузи од Глоговац е уапсен по налог на Специјалниот суд во Хаг и веќе е префрлен во седиштето на судот, јавија косовските медиуми.
Апсењето го потврди и неговиот адвокат Куштим Битиќи, кој рече дека Сабит Јонузи во средата бил сослушан во седиштето на Специјалното обвинителство во Косово Поле и дека бил ослободен, но е уапсен вчера во неговиот дом .
Тој додаде дека на почетокот на мај, бил извршен претрес во куќата на Јонузи и му бил одземен телефонот.
Шефот на огранокот на здружението на бранители во Глоговац, Енвер Хајдари за РТК изјави дека според членовите на семејството, Јанузи веќе е испратен во Хаг.