Шаќири-Дајбл: УСАИД е докажан партнер во градењето квалитетно образование за секое дете

Реформата на основното образование успешно се реализира, а предизвиците со кои во изминатите неколку години се соочуваше Министерството за образование и наука беа надминувани во од, соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со директорката на УСАИД Џери Дајбл.

Како што информира МОН, Шаќири посочи дека градењето квалитетно образование за секое дете е стожерна активност во која директно се вклучени и Бирото за развој на образованието и Педагошката служба.

Шаќири, како што се наведува во соопштението, во разговорот со директорката на УСАИД Дајбл и се заблагодари за силната поддршка.

– УСАИД соработува со Министерството во повеќе проекти кои имаат за цел јакнење на системот на образование. Значајна е финансиската поддршка насочена кон медиумската писменост, обуките на наставниците, младинскиот активизам. Посебно внимание се посветува на активностите поврзани со инклузијата на децата со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем, стои во соопштението.

Министерот Шаќири ја нагласи исклучителната важност на поддршката што УСАИД ја дава во изградбата и реконструкцијата на училишни објекти, нивното опремување и набавката на нагледни средства. Едно такво училиште е ОУ со Ресурсен центар „Иднина“ во Чаир каде со поддршка на оваа организација ќе се изгради целосно нов објект во следниот период.

Шаќири и Дајбл, како што се наведува, се согласија дека инвестициите во образованието се најдобриот начин за градење генерации кои ќе го водат општеството кон прогрес

Треба да знаете
Последни објави