Брнабиќ тврди дека српскиот претседател успеал во Гранада да ја отстрани непосредната опасност од санкции кон Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ, смета дека за време на средбите во Гранада „претседателот Александар Вучиќ успеал да ја отстрани непосредната опасност од воведување санкции кон Србија“, но дека притисокот врз Белград „се уште е огромен“.

„Мислам дека најважната порака е денес и навистина верувам дека Вучиќ вчера во Гранада успеа да се погрижи Србија да биде зачувана“, изјави Брнабиќ за белградски медиуми, но и дека не може да зборува за деталите.

Таа додаде дека „притисоците се огромни“.

„Огромни притисоци од регионот, огромна желба да се искористи ситуацијата за постепено воведување санкции кон Србија“, рече Брнабиќ и изјави дека Приштина „се наоѓа во голема дипломатска офанзива“.

Треба да знаете
Последни објави