Варадкар: Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја трансформираме ирската економија, со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија

„Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно сиромашна држава, според европски стандарди. Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја трансформираме нашата економија, да ја надградиме, за да можат младите да останат дома и да ги градат своите животи таму, како и да откријат и други можности“ рече премиерот на Ирска Лео Вардакар во видео порака.

Тој даде целосна поддршка Северна Македонија да стане членка на ЕУ и нагласи дека ЕУ го штити и почитува националниот идентитет на земјите членки.

„Сметаме дека членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и сочуваме нашиот национален идентитет. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети и диверзитетот“ рече Вардакар.

Ирскиот премиер во видео пораката порачува дека со нетрпение очекува Северна Македонија да се приклучи на семејството на ЕУ што е можно побрзо.

Треба да знаете
Последни објави