Германската влада ќе испрати во април следната година дополнителни 150 војници како дел од мисијата КФОР, објави денеска магазинот „Шпигел“.
Повикувајќи се на неименувани извори, германскиот весник објави дека кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил оваа недела со плановите на Армијата следната година да испрати воена единица на Бундесверот за поддршка на мисијата на НАТО на Косово.
Во моментов Бундесверот има 85 војници стационирани на Косово.