Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, бил позитивен на допинг тест и по проверка на втор примерок и се соочува со суспензија од четири години, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед првично беше тестиран по натпреварот против Удинезе, кога беше откриено дека има покачено ниво на тестостерон, пишува „Кориере дел Сера“.
Тоа значеше дека ќе се проверува дополнителен примерок, а, како што објави Фабрицио Романо, и Погба овојпат бил позитивен.
Францускиот интернационалец се соочува со долгорочна суспензија и сега на ред е Јувентус да направи потег во врска со неговиот договор, кој истекува во летото 2026 година. Погба, кој во март наполни 30 години, се соочува со суспензија од четири години, која речиси би можела да ја заврши неговата кариера.
Она што е особено интересно е што Погба не настапи ниту на споменатиот натпревар против Удинезе одигран на 20 август, туку го гледаше од клупата за резерви. И покрај тоа, тој беше меѓу оние чиј примерок беше проверен по случаен избор, по што беше утврден прекршокот.
Погба оваа сезона одигра само два меча во италијанската Серија А каде одигра само 52 минути.