Приходот на едночлено домаќинство во Германија кое добива граѓански приход изнесува 966 евра, додека приходот на едночлено домаќинство кое работи за минимална саатница изнесува 1.498 евра. Разлика од 532 евра.
Самохран родител со дете (14-17 години) има приход од 1.701 евро доколку прима граѓански приход. Од друга страна, истиот родител доколку работи за минимална плата има приход од 2.465 евра. Разликата изнесува 764 евра во корист на тој што работи.
Семејство со три деца има приход од 3.514 евра доколку добива надоместок од граѓански приход. Приходите на ова семејство, доколку родителите работат за минимален час, изнесуваат 3.960 евра. Се работи за разлика од 446 евра, пишува Феникс Магазин.