Денеска, Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на планината Серта, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.
Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 22 тони вода.