Полицијата во Белин со засилени безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации

Полицијата во Берлин ги засилува безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во градот поради големиот напад на палестинската милитантна група Хамас против Израел, јави ДПА, повикувајќи се на извори од германската влада.

„Во Берлин од денеска е зајакната заштитата на еврејските и израелските институции“, изјави владин извор, додавајќи дека проценката на заканите за тие институции е во тек.

Федералните и државните безбедносни власти се загрижени за ескалацијата на насилството предизвикано од терористичките напади на Хамас врз Израел и внимателно ги следат можните реакции во Германија, додаде изворот. 

Треба да знаете
Последни објави