Оваа година Русија е еден од главните извозници на течен природен гас (ЛНГ) во Шпанија, покажуваат денеска објавените податоци од шпанската енергетска компанија Енагас.
Годинава, од јануари до септември, Шпанија од Русија купила 56.490 гигават-часови ЛНГ, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
На овој начин Русија стана трет најголем извозник на ЛНГ во Шпанија, зад Алжир и САД.
Русија во септември извезла 3.259 гигават-часови течен природен гас во Шпанија, и е рангирана на четвртото место на листата на најголеми извозници минатиот месец, зад Алжир, Нигерија и САД.