Сè повеќе граѓани на Швајцарија, во германското говорно подрачје, одбиваат да платат данок, а властите се преплавени со писма за жалби, јавува јавниот сервис СРФ.
Овој феномен е во пораст од почетокот на пандемијата на корона вирусот, а во моментов се активни околу 10.000 приговори, пренесува Swiss.info.
Според порталот, тие немаат доверба во државата, која ја гледаат како премногу моќен субјект кој се збогатува на сметка на своите граѓани.
„Идејата е да се нападне и парализира државата“, вели Дирк Баер, директор на Институтот за спречување на деликвенција и криминал на Универзитетот во Цирих.
Дејствата на „државните приговарачи“ ги нарече „хартиен тероризам“.
Во француското говорно подрачје на Швајцарија феноменот е помалку видлив, но некои општини веќе се соочија со овој проблем