Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање  на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година.

Турнирот, како што информираат од МВР, е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

ПокрајСпасовски, на турнирот ќе се обратат и државниот секретар при Министерството за одбрана, Владимир Анчев, како и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ Владо Стојановски.

На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт.

Треба да знаете
Последни објави