Фудбалерите на Барселона одиграа нрешрено во 9. коло на гостински терен со екипата на Гранада (2:2), една од трите најслабо пласирани сезонава во шпанската фудбалска Ла Лига. Каталонците скоро цел меч беа во негатива, но на крајот имаа шанса и за победа, но целосниот пресврт го спречи ВАР. Гранада се покажа уште еднаш како тим чија игра воопшто не им одговара на Каталонците, па малку недостасуваше со посмирена игра дури и да успеат да им нанесат пораз на фаворитите. Домашните водеа со 2:1 до 86. минута, кога Роберто успеа да погоди за бод.
Херој на домашните беше Зарагоза кој во првите половина час постигна два гола. Во финишот Барселона преку Феликс погоди и за 2:3, но ВАР собата сигнализираше офсајд.