Официјалната страна на непрофотната организација Israel War Room сподели фотографии од жени и мажи за коишто тврди дека се киднапирани од Хамас во војната што избувна вчера.
„Се чини дека Хамас киднапираше главно жени. Веќе е потврдено дека борците на Хамас го користат силувањето како воено оружје. Не смее да има милост за овие варвари“, напишаа тие на X, заедно со сликите на исчезнатите Израелци.
Израелските безбедносни сили спроведуваат операции за спасување на заложниците.
Палестинската група Хамас изврши голем ненадеен напад врз Израел од Газа, оставајќи стотици мртви. Голем број израелски војници и цивили, особено жени, исто така се заложници на Хамас во Појасот Газа. Некои се живи, а некои се претпоставува дека се мртви, изјави воениот портпарол потполковник Џонатан Конрикус, пренесе Би-Би-Си.
Неколку Израелци, исто така, споделуваат фотографии од пријателите и семејството за кои велат дека очигледно биле киднапирани од борците на Хамас.
Бројот на израелски државјани држени во заробеништво од Хамас е без преседан, изјави потполковникот на израелската армија, Џонатан Конрикус за Си-Ен-Ен.
„Ова се крајно вознемирувачки сцени за секој Израелец да ги види. Не сакам ни да замислам каква ќе биде судбината на овите Израелци во рацете на овие крвожедни животни“, додаде тој.
Во меѓувреме, портпаролот на Хамас тврди дека бројот на израелски заложници е многу пати поголем од она што мисли израелскиот премиер, Нетанјаху.
Претходно на интернет се појави шокантна снимка од киднапирана девојка од мировен фестивал од страна на борците на Хамас. Вознемирувачкото видео ја прикажува Ноа Аргамани како моли за својот живот додека седи на задниот дел од моторот на милитантите.
Израелските безбедносни сили сега спроведуваат операции за спасување на заложниците.