Чави верува дека Камп Ноу може да биде домаќин на финалето на СП 2030

Тренерот на Барселона, Чави е уверен дека стадионот „Камп Ноу“ на кој играат Каталонците би можел да биде домаќин на натпреварот за трофејот на Светското првенство во 2030 година.

– Форматот на турнирот е невообичаен, но Барселона ќе го има најголемиот стадион во земјата. Па зошто да не се одржи финалето овде? – изјави Чави за „АС“.

На 4 октомври ФИФА објави дека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи на три континенти и шест држави: Аргентина, Уругвај, Парагвај (Јужна Америка), Шпанија, Португалија (Европа) и Мароко (Африка).

Следното Светско првенство ќе се одржи во 2026 година, а домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.

Треба да знаете
Последни објави