Израелската армија соопшти дека утрово нападнала цели во јужен Либан, откако неколку минофрлачки гранати биле истрелани на израелска територија.
Ракетите паднале во спорната област на планината Дов на границата со Либан. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
– Израелските одбранбени сили (ИДФ)) преземаат подготвителни мерки за овој тип на можности и ќе продолжат да дејствуваат во сите региони кога е потребно за да се осигури безбедноста на израелските цивили, се истакнува во соопштението на израелската армија.
Хамас и други палестински организации вклучени во вооружената борба со Израел се присутни и во Либан.
Најмалку 300 луѓе загинаа, а над 1.590 се повредени во големиот напад на Хамас од Појасот Газа врз Израел. Додека во израелската операција загинаа 232 лица, а речиси 1.700 се повредени.