Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за да го спречи насилството меѓу израелските и палестинските сили, и додаде дека решението со две држави е единствениот начин за постигнување мир во регионот.
Во говорот во Истанбул, Ердоган рече дека израелско-палестинскиот конфликт е во центарот на повеќето конфликти и проблеми на Блискиот Исток. Спореед него, сега е потребно формирање независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.