Шкендија и за Струга ТЛ со идентични победи во последните два натпревари од 10. коло во ПМФЛ

Актуелниот фудбалски шампион Струга ТЛ и лидерот Шкендија забележаа победи во денешните два последни натпревари од 10. коло во Првата македонска лига. Шкендија ги освои бодовите на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари против Вардар (0:2).

Струга Трим Лум со истиот резултат на домашен терен го совлада Силекс (2:0).

Резултати од вчера одиграните средби:
АП Брера Струмица – Гостивар 0:1
Брегалница – Работнички 2:1
Тиквеш – Шкупи 1:1
Воска Спорт – Македонија ЃП 2:1.

Табела: Шкендија 23 бода, Шкупи 19, Струга ТЛ 18, Силекс 16, АП Брера Струмица 14, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска Спорт 10, Гостивар 10, Вардар 5. 

Треба да знаете
Последни објави