Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ денеска изјави дека министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свечља „безочно лаже“ и го нападнал српскиот претседател Александар Вучиќ со цел да се обиде да ја поврзе Србија со настаните во Бањска.
Петковиќ на социјалната мрежа Х напиша дека Свечља и Курти, се опседнати со семејството Вучиќ, „па патолошки ги напаѓаат сите Вучиќ, не штедејќи ги ниту децата“ и рече дека Курти „не знае ниту за чест ниту морал“.
„Екстремистот на Курти, Свечља, бесрамно лаже и го нападна претседателот Вучиќ, за да се обиде, иако неуспешно, да ја поврзе Србија со настаните во Бањска не штедејќи ги ни децата“, објави Петковиќ.