Пожарникари и специјалци спасуваат исчезнат пожарникар во штипско

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица.

Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот.

Треба да знаете
Последни објави