Доколку некогаш се врати во Иран португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо ќе ја добија казната од 99 уадри со камшик која му е одмерена во одсуство во оваа земја за прекршување на тамошните закони.
Саудискиот Ал-Наср за кого настапува Роналдо неодамна беше во Техеран, каде одигра натпревар од азиската Лига на шампиони со домашниот тим Персеполис. При ова гостување Роналдо уште еднаш покажа дека има големо срце, особено кога се во прашање неговите навивачи. Португалецот и ја исполнил животната желба на иранската сликарка Фатима.
Фатима е инвалид и голем симпатизер на португалскиот фудбалер. Видеото и фотографиите кои саудискиот клуб ги објави на социјалните мрежи пренесуваат колку оваа средба ѝ значела на Фатима.
Сепак, денеска иранските медиуми објавија дека Роналдо е казнет со 99 удари со камшик за оваа средба, или за тоа што го направил. Роналдо ја прегрнал и ја бакнал иранската сликарка и на тој начин ги прекршил строгите закони кои владеат во таа земја.