Актуелниот фудбалски шампион Струга ТЛ и лидерот Шкендија забележаа победи во денешните два последни натпревари од 10. коло во Првата македонска лига. Шкендија ги освои бодовите на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари против Вардар (0:2).
Струга Трим Лум со истиот резултат на домашен терен го совлада Силекс (2:0).
Резултати од вчера одиграните средби:
АП Брера Струмица – Гостивар 0:1
Брегалница – Работнички 2:1
Тиквеш – Шкупи 1:1
Воска Спорт – Македонија ЃП 2:1.
Табела: Шкендија 23 бода, Шкупи 19, Струга ТЛ 18, Силекс 16, АП Брера Струмица 14, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска Спорт 10, Гостивар 10, Вардар 5.