Симеоне останува во Мадрид

Шпанскиот фудбалски ла-лигаш Атлетико Мадрид нема да го смени тренерот Диего Симеоне ниту по 12 години. Како што стојат работите Атлетико и Симеоне ќе потпишат нов договор за продолжување на соработката.

Клубот од Мадрид речиси ги завршил сите работи околу новиот договор со Аргентинецот и сега се чека само неговиот потпис, пренесува Фабрицио Романо.

Според информациите од Шпанија, Симеоне се согласил на значително намалување на платата. Истото веќе го направија голем дел од фудбалерите. Платата на Аргентинецот ќе биде помала за 45 отсто. Досега тој имаше бруто плата од речиси 40 милиони евра.

Со намалувањето на платите Атлетико планира годинава да заштеди 19 милиони евра.

Симеоне со Атлетико освои две шампионски титули на Шпанија, еднен трофеј во Копа дел Реј и еден во Суперкупот, а два пати триумфираше и во Суперкупот на УЕФА.

Во моментов, Атлетико е четврти во табелата во Ла Лига со пет бода зад лидерот Реал, а има и натпревар помалку.

Треба да знаете
Последни објави