САД денеска потврдија дека девет американски државјани загинаа во војната конфликтот помеѓу Израел и Хамас.
– Во овој момент можеме да ја потврдиме смртта на девет американски државјани, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Тој додаде дека има и американски државјани кои се водат како исчезнати и оти Вашингтон соработува со Израел за нивно пронаоѓање.