Рускиот политичар Владимир Жириновски најави војна поради која, како што рече, сите ќе заборават на Украина.
Жириновски, кој почина во април минатата година, речиси „пророчки“ во својата анализа на светските настани го предвиде почетокот на војната во Израел.
-На Блискиот исток ќе се случат такви настани што сите ќе заборават што е Украина – рече Жириновски, анализирајќи како би можел да изгледа светот во 2024 година.
Снимката од емитувањето на Жириновски во која најавува војна на Блискиот Исток привлече внимание откако Хамас започна масовен напад врз Израел на 7 октомври, со што започна нов конфликт на Блискиот исток, а владата на Бенјамин Нетанјаху прогласи воена состојба и почна да го мобилизира населението кое е способно за војска.
Проценетата бројка на загинати во нападот на Хамас врз израелските погранични заедници нагло се искачи од 300 утринава на околу 600, пишува Тајмс оф Израел.
Израелското Министерство за здравство соопшти дека бројот на повредени во болниците достигна 2.048, од кои 330 тешко повредени, од кои 20 се во критична состојба.
Палестинските власти, пак, наведуваат дека загинале 313 Палестинци, а речиси 2.000 луѓе биле ранети.