Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето денешно обраќање ги повика опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.
– Конечната акција е да се зацврсти единството во земјата. Сега сме сите обединети, вели тој.
Тој додаде дека голем број палестински вооружени лица се уште се во земјата и ги обвини дека убивале деца на кои претходно на рацете им биле ставени лисици.
Netanjahu предупреди дека нападите против Хамас во Газа „допрва почнуваат“.
– Едно нешто што е најважно е да останеме смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, токму сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам сограѓани, на крајот на војната нашите непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел“, вели тој.
– Секое место каде што дејствува Хамас ќе се претвори во урнатини. Ова веќе се случува и ќе продолжи да се случува.
Тој ѝ порача на нацијата дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“ и дека „непријателите на Израел сфаќаат што значи тоа“.
„Сите наши непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел. Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации“, додава тој.