Спасовски: Нема кокетирање со Груевски, тој може да се врати, но во затвор

„Сметам дека ниту има кокетирање, ниту треба да има кокетирање со нив, а особено не со Груевски. Нема начин како да се врати ниту со измените во Кривичниот законик, ниту некој друг процес може да го ослободи од тоа што го има како сериозен терет. Тој може да се врати, но во затвор“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека СДСМ треба да биде насочен кон остварување на целта која ја има зацртано со јасно изразени ставови и дека кокетирање со структури кои ја заробија државата и го поспоставија режимот нема да донесат ништо добро за државата.

Министерот Спасовски рече дека со измените на Кривичниот законик креираат можност за поинаков пристап кон кривичните дела и дека целта е да се дојде до поголема ефикасност во делот на постапките.

„Детална анализа треба да направат судовите и обвинителите, што е тоа што не може да се заврши, што може да се преквалификува, да видиме што би биле негативни последици од ова законско решение. Ако зборуваме во контекст на политичките случувања и промената на уставот, тоа нема да влијае во овој момент“ рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави