Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се сретнат на вонреден состанок за да разговараат за ситуацијата во Израел и регионот, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
На состанокот, кој ќе се одржи во Оман, каде претходно беше закажан состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и Советот за соработка во Персискиот Залив, министрите ќе разговараат за одговорите и следните чекори за ЕУ, вклучително и потенцијална воена помош.
Европската комисија во понеделникот објави дека размислува како развојот на настаните во Израел ќе влијае на нејзината развојна помош за одредени земји во регионот.
„Комисијата во моментов проценува како неодамнешните трагични настани можат да влијаат на нашата сегашна и идна развојна помош. „Фондовите на ЕУ ги поддржуваат најважните услуги за палестинското население и директно придонесуваат за финансирањето на палестинската управа“, се вели во соопштението на ЕК.