Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот настан #МКЕкономија меѓудругото се осврна и на соработката на Владата и стопанството преку инструментот за поврат на ДДВ, кој според него денес функционира непречено, без да зависи од нечија полиитчка волја.
„Од јануари до септември, исплатени се 31 милијарда денари, или 510 милиони евра поврат на ДДВ и без при тоа никој да не се јави на премиерот, на вицепремиерот или пак на директорката на УЈП. Благодарам Сања“ порача Битиќи.
Вицепремиерот потсети на минати времиња, кога исплатата на ДДВ за стопанството се одвивала бавно и со доцнења.
„Се сеќавам пред неколку години, на ова исто место, но јас седев од вашата страна, како претставник на комора, кога еден неодамнешен премиер, пред наши очи и уши, кога ние компаниите се жалевме дека повратот на ДДВ доцни повеќе од половина година, тој му се сврте на министерот за финансии и му рече: Ајде наредниве денови да се спремат исплатите“. Колку спротивна слика од оваа денешнава“ истакна Биитќи.