Францускиот фудбалски голгетер Оливие Жиру кој настапува за Милан се истакна и како голман на натпреварот против Џенова во Серија А. Тоа го забележа Серија А која денеска го обави идеалниот тим на осмото коло од ова натпреварување во кој како чувар на мрежата се најде токму Жиру. Францускиот репрезентативец принудно во финишот од мечот застана на голот и имаше една спектакуларна одбрана со која го сочува својот гол, а со тоа победата на Милан на гостински терен (1:0).
По добро одработената нова улога од страна на Жириу, италијанскиот калчолигаш Милан пушти во продажба голмански дрес со името на францускиот голгетер.
Жиру е најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација со 54 гола, пред легенди како Тиери Анри, Мишел Платини, Карим Бензема, Давид Трезеге итн.