Во првите девет месеци од оваа година, 31 милијарда денари или 510 милиони евра, као поврат на Данокот за додадена вредност, соопшти денеска на настанот #МКекономија: Довербата расте, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Битиќи посочи дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, стопанството влегло во инвестициски циклус од 500 милиони евра.
„Овој успех не го припишувам еднострано само на контото на институциите. Напротив, овој подвиг е 100% партнерски, и затоа ја користам приликата да ви се заблагодарам за вашата посветеност и истрајност. Вие, во нашата држава преку овој Закон инвестиравте половина милијарда евра. И тоа за мене е еден врвен патриотски чин. Заедно, придонесовме во реструктуирање на домашната економија, а вие добивате реална поддршка која е предвидлива и ги следи вашите развојни потреби. Затоа, овој реален заеднички успех ќе продолжи и понатаму, како влог во она што е наше, заедничко и ни значи на сите“, рече Битиќи.
Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека Буџетот е стабилен, а домашната економија ликвидна додавајќи дека Владата ќе продолжи со одговорни политики што обезбедуваат економски раст и поголема поддршка за македонската економија.
„Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите од неговото воведување до денес поддржа 919 компании со 100 милиони евра. За 6 години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати. Од 3,2 милиони евра во 2018 до 35 милиони евра во 2023 година. Честитки за храброста и визијата која ја имате да инвестирате, да ги користите мерките на Владата сѐ со цел заеднички да го придвижуваме економскиот раст на државата, да растат компаниите, да расте и бројот на работни места“ порача Ковачевски на денешниот настан #МКекономија.