Тројно се зголемени антисемитските инциденти во Велика Британија од викендот во споредба со истиот период минатата година, по обновениот израелско-палестински конфликт, велат извештаите, соопшти денеска еврејска хуманитарна организација.
Комјунити секјурити траст (КСТ), која безбедносно советува околу 280 илјади Евреи кои живеат во Велика Британија, не ја објави точната бројка
-Немаме цврсти бројки, се уште собираме информации, потврдуваме се што добиваме, што значи дека бројките најверојатно ќе се зголемат, но сегашната бројка е околу трипати поголема од истиот период минатата година, изјави портпарол на организацијата.



