Палестинскиот претседател планира да ја посети Москва

 Палестинскиот претседател Махмуд Абас подготвува посета на Москва, изјави денеска палестинскиот амбасадор во Русија Абдел Хафиз Ноаф.

– Ние сме во секојдневен контакт со Москва. Сега се во тек подготовки за посетата на претседателот Абас на Москва, рече дипломатот во интервју за телевизијата „Русија-24“.

Абас последен пат ја посети Русија во ноември 2021 година.

Рускиот претседател Владимир Путин во октомври минатата година се сретна со палестинскиот лидер во Астана на маргините на самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија.

Треба да знаете
Последни објави