Битиќи не би одбил функција претседател на државата

Вицепремиерот во владата на С. Македонија задолжен за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, не ја отфрла можноста да биде кандидат за претседател на државата доколку добие таква понуда, јавува ТВ21. -Секоја лидерска позиција во оваа земја ја гледам како личен предизвик и не ја одбивам, доколку политичките околности налагаат такво нешто, рече Битиќи.

Околу можноста за одржување лидерска средба, Битиќи вели дека може да има но само за една тема, уставни измени, како стратешко и геополитичко движење за иднината на државата.

Уверен е дека сигурно ќе се усвојат уставните измени и смеда дека „ќе има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои во последен момент ќе разберат дали треба да го слушаат својот лидер Христијан Мицкоски или да размислуваат за иднината на државата и нивните деца“, пренесува ТВ21.

Треба да знаете
Последни објави