Внимание, внимание: Со членството во ЕУ ќе има поголеми можности за студирање, финансиски, но и културни придобивки

Во чест на 11 Октомври, Денот на народното востание, студентите од УКИМ одговараат на следниве прашања во третата анкета на „Внимание, внимание“: Дали битката на младите партизани од 1941 ги мотивира денешните млади генерации? Која е најважната битка на денешните генерации? Ќе ја добиеме ли битката за членство во ЕУ?

Дел од студентите се мотивирани од храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на младите партизани, но дел воопшто не ги интересира историја, туку исклучиво иднина и подобро утре.

Студентите велат дека се борат за подобро утре и да се изборат за своето место под сонцето, но во својата татковина. Дел од нив сметаат дека битката им е да го завршат факултетот, да се вработат, да успеат во животот. Некои се борат да не мора да се политички или партиски определени.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Треба да знаете
Последни објави