Заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ на сите граѓани на Република Северна Македонија, го честита големиот државен празник 11 Октомври – Денот на народното востание.„Денеска го славиме денот и им се поклонуваме на храбрите млади луѓе кои имаа визија да застанат на вистинската страна на историјата. Тие на 11 Октомври 1941 со силен порив, со силна волја и одлучност, се кренаа против фашистичките окупаторски војски за да го продолжат државотворното дело на сите претходни генерации кои ја сонуваа самостојната македонска држава.
Храбрата и одлучна акција на востаниците од 11 Октомври 1941 година го одреди патот до нашето место во заедницата на народите во Обединетите Нации со кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.
На заветот што ни го остави 11 Октомври нашата генерација го оствари членството во НАТО и ѝ припадна должноста да ја обезбеди иднината на Северна Македонија како членка на ЕУ.
Затоа за таа цел. Сите заедно да оставиме длабоки траги на тој пат.
Нека е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.”