Џиџи Хадид, американска манекенка со палестинско потекло, рече дека сочувствува и дека „ срцето и е скршено“ од палестинската борба и животот под окупација, но во исто време нагласи дека „иако има надеж и соништа за Палестинците, ниту еден од нив не вклучува штета на Евреите”.
„Моите мисли се со сите оние кои се погодени од оваа неоправдана трагедија и секој ден кога овој конфликт зема невини животи – од кои премногу се деца. Имам длабока емпатија и скршено срце за палестинската борба и животот под окупација, тоа е одговорност што ја чувствувам секој ден“, напиша таа во објавата на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа посочи дека конфликтите меѓу Палестинците и Израелците се „длабок циклус на одмазда“.
„Исто така, чувствувам одговорност пред моите еврејски пријатели да им објаснам, како и досега: додека имам надежи и соништа за Палестинците, ниту еден од нив не вклучува повредување на Евреите. Тероризирањето невини луѓе не е во согласност со движењето за Слободна Палестина и не го сочинува“, напиша Хадид.