Марван Илјази, млад тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново почин откако бил погоден од залутан куршум испукан на една свадба.
Илјази на скопските клиники неколку дена се бореше за својот живот, но и покрај напорите на лекарите денес им подлегна на здобиените рани од огнено оружје.
Информацијата дека починал ја потврди неговиот клуб Шкендија Арачиново кој се натпреварува во Трета лига север.
Денешниот меч против Ринија започна со минута молчење.