Абас денеска на средба со јорданскиот крал Абдула Втори, утре со Блинкен

Палестинскиот претседател Махмуд Абас утре ќе оствари средба со американскиот државен секретар Антони Блинкен, изјави денеска на платформата X генералниот секретар на Извршниот комитет на ПЛО, Хусеин ал-Шеик.

Тој додаде дека средбата ќе следи по денешните разговори во Аман меѓу Абас и јорданскиот крал Абдула Втори од Јордан во Аман.

Абас е претседател на палестинската управа на Западниот Брег, која ја загуби контролата врз Појасот Газа од својот ривал Хамас во 2007 година.

Ал Шеик кажа дека средбата со кралот на Јордан е „дел од деноноќните напори на палестинското раководство да се запре оваа разурнувачка војна и во рамките на заедничките напори меѓу Јордан и Палестина“.

Треба да знаете
Последни објави