Кралска венчавка во Португалија после четврт век

Инфанта Марија Франциско од Браганца, трета по ред за португалската круна, се омажи за својот избраник, адвокатот Дуарте де Соуса Араухо Мартинс, во текот на викендот.

Кралскиот пар се венчаше претходниот викенд во присуство на илјадници гости, присутни беа многу членови на кралското семејство, луѓе од светот на политиката и истакнати членови на заедницата во Португалија.

За време на свадбената церемонија се одржа коктел и гала вечера во домот на војводата и војвотката во Синтра, Лисабон.

Според „Дејли мејл“, Марија наводно носела две венчаници за таа пригода, креирани од дизајнерката Лузија до Насименто, како и дијамантската тијара на кралицата Амелија, а овој брак го привлекол вниманието на светската јавност бидејќи тоа била првата португалска кралска свадба во 25 години.

Младоженецот во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека има намера да остане во сенка на сопругата, која ќе продолжи да биде присутна на јавната сцена на Португалија.

Треба да знаете
Последни објави