Поранешниот лидер на Хамас Мешал ги повика муслиманите ширум светот утре да излезат на протести

Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал ги повика муслиманите ширум светот овој петок да излезат на улиците и плоштадите и да протестираат за поддршка на Палестинците, а ги повика и соседните земји да се приклучат во борбата против Израел.

Во снимената изјава испратена до Ројтерс, се слуша дека Мешал вели: „Мораме да излеземе на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет во петок“.

Мешал моментално е во Катар и ја предводи канцеларијата на Хамас за дијаспората.

Во изјавата, тој им рече на муслиманите дека луѓето и владините претставници во Египет, Сирија, Либан и Јордан имаат одговорност да ги поддржат Палестинците, бидејќи огромното мнозинство палестински бегалци ги нарекуваат Јордан и Либан за свој дом.

„Племињата на Јордан, синовите на Јордан, браќата и сестрите на Јордан… Ова е моментот на вистината и границите се блиску до вас, сите ја знаете вашата одговорност“, рече тој.

Мешал го повика муслиманскиот свет на собирање откако Израел рече дека ќе ја засили својата копнена офанзива по нападот на Хамас.

„На сите оние кои подучуваат џихад… на сите оние кои подучуват и учат, ова е моментот да се применат теориите“, рече Мешал.

Треба да знаете
Последни објави