Поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстон, поштеден од затвор, откако се согласи да плати 650 милиони фунти во случај на измама

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, е поштеден од затвор откако се согласи да плати 652 милиони фунти затоа што не пријавил на власите имот во странство вреден 400 милиони фунти.

Милијардерот беше осуден на 17 месеци затвор условно на две години, откако во четвртокот се изјасни за виновен за измама.

Пред да се изјасни за виновен, Еклстон се обиде да ја отфрли постапката тврдејќи дека „непопуларните забелешки“ што тој ги кажал за рускиот претседател Владимир Путин на дневна телевизија биле причина за гонење, наместо „легитимен јавен интерес“.

Судијата во случајот изјави дека обвинителството внимателно го разгледало јавниот интерес за следење на случајот со измама, со оглед на возраста и здравјето на Еклстон, а вклучително биле земени предвид доказите од кардиологот на бизнисменот.

Еклстоун уживаше во кариерата како еден од најистакнатите луѓе во глобалниот мотоспорт. Тој на чело на Формула 1 беше од крајот на 1970-тите до 2017 година. Неговата моментална нето вредност, според Форбс, се проценува на 2,9 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави