Советот за безбедност на ОН заседава утре попладне на состанок на кој ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и палестинската екстремистичка група Хамас во Газа.
Советот се уште не одлучил дали состанокот ќе биде јавно достапен, наведуваат извори.
Ова 15-члено тело на светската организација се состана зад затворени врати во неделата, еден ден откако Хамас почна со нападите врз Израел.
Во досегашните напади загинаа повеќе од 1.200 лица, а десетици се одведени во Газа како заложници.