Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во село Блаце

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Блаце, денес го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот.

Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над десет тони вода.

Треба да знаете
Последни објави