Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод, денес го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот.
Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над десет тони вода.